OnePlus е кинески бренд кој успешно се издвојува од својата кинеска, но и светска конкуренција. Тоа го прави претставувајќи одлично изработени уреди, со цена која не е толку висока, а од компанијата сакаат да се пофалат и со посебно добро корисничко искуство кај нивните уреди.
Слободно може да се каже дека OnePlus одлично се снаоѓа на пазарот, не трудејќи се да достигне високо место на листата, туку само да ги задоволи своите не толку мал број на корисници.
Најновата генерација на OnePlus треба да биде OnePlus 7. Според неофицијалните информации, седмицата треба да дојде во две или три верзии, односно една помала, поголема и една 5G верзија.

Поголемата верзија треба да има екран со 6,64 инчи, изработен во Super AMOLED технологија и Quad HD+ резолуција. Овој екран исто така треба да биде заоблен на страните, како што е случајот кај конкурентите од највисоката класа, а исто така се најавува и стапка на освежување на екранот од 90Hz.
Овој модел се најавува дека ќе има батерија со капацитет од 4.000 mAh, како и тројна камера на задната страна со 48 мегапиксели кај еден од сензорите.
Помалиот модел треба да има 6,4 инчен екран без заоблување на страните како и истиот сензор со 48 мегапиксели на задната страна, но со две камери, место три.
Директорот на OnePlus, Пит Лау, излезе на Twitter со мала најава за новиот телефон. Информацијата во најавата, од која ништо не може да се види, е дека тој ќе работи брзо и многу мазно, со посебен акцент на мазно.
Excited to share the next product from OnePlus will unleash a new era of Fast and Smooth. Especially Smooth! Smooth is more challenging than Fast – a true test of hardware and software.
— Pete Lau (@petelau2007) April 17, 2019
The new product is just beautiful – I can't wait for you to see it! ?✨ pic.twitter.com/yPU9sEbeIv