intro-logo

Од денеска е достапна за симнување најновата 28-ма верзија од познатиот Firefox интернет прелистувач. Истата требаше да ја донесе долго очекуваната поддршка за Windows 8, односно модерна верзија за екраните на допир која после долг период на развој беше достапна во бета верзијата. Меѓутоа на недела пред излегувањето на Firefox 28 од Mozilla изјавија дека поради малиот број на бета корисници, кој што за десктоп верзиите обично се брои ви милиони, го прекинуваат развојот на модерната верзија и истата не е вклучена во од денеска достапната 28-ма верзија. Како и обично, новата верзија е достапна за сите поддржани платформи, односно за Windows, OS X, Linux и Android. Во продолжение прочитајте што ново е вклучено во Firefox 28.0.

Десктоп

Како и секоја нова верзија, така и оваа вклучува одредени подобрувања на перформансите и безбедноста на прелистувачот. Покрај овие стандардни новости, Firefox 28 за десктоп ги вклучува и следните работи:

  • Поддршка за VP9 видео декодирање
  • Поддршка за центарот за нотификации во OS X каде што ќе може да бидат прикажувани нотификации од веб апликациите
  • Контрола на звукот за HTML5 аудио и видео
  • Поддршка за Opus во WebM видео форматот

Целосната листа на новости во оваа верзија можете да ја погледнете на официјалната страна на Mozilla на следниот линк.

Android

Firefox 28 за Android ги има следните новости:

  • Поддршка за селектирање, сечење и копирање на стандардниот текст
  • Внесениот текст во лентата за адреси сега вклучува пребарување со предвидување на активноста
  • Додадени се повеќе копчиња за брзо споделување
  • Додадена поддршка за OpenSearch
  • Поддршка за VP9 видео декодирање
  • Контрола на звукот за HTML5 аудио и видео

Целосната листа на новости можете да ја погледнете на следниот линк.

Претходна статијаMotorola и LG ги претставија првите паметни часовници кои работат на Android Wear
Следна статијаФормула Е, трки со електрични автомобили
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.