Google Chrome Apps се апликации направени во HTML, JavaScript и CSS, кои што може да ги користите надвор од прелистувачот и имаат пристап до ресурсите и фајловите на вашиот компјутер. Истите се достапни на Chrome прелистувачот за десктоп компјутерите.
Според сеуште неофицијални информации, Google развива алатка за креирање на вакви апликации на мобилните платформи и преку која што исто така ќе овозможи апликациите направени за Chrome прелистувачот на десктоп, едноставно да бидат префрлени на Chrome прелистувачот на Android и iOS. Префрлувањето на апликацијата ќе бара одредена промена на кодот, се разбира, меѓутоа треба да го скрати процесот за креирање на целосно нова апликација за мобилните платформи. Од Google не ги потврдуваат овие информации, но се претпоставува дека алатката се планира да биде достапна за тестирање од страна на програмерите идната година.