Доколку не сте запознаени со Glance екранот од Nokia (Nokia Glance Screen), тоа е функција достапна само на Nokia телефоните кои работат на Windows Phone платформата и додава информации на екранот додека истиот е заклучен. Информациите достапни на екранот се часовник, батерија додека ја полните или индикатор дека треба да ја наполните и silent начин на работа. Оваа функција е направена со цел да не мора да го отклучувате екранот за да ги видите овие основни информации, а исто така е направена минимално да ја троши вашата батерија. Тоа го постигнува со тоа што прикажува малку информации во одреден дел од екранот, односно без вклучување на целиот екран. Glance екранот нуди избор од неколку начини на работа.
- Целосно исклучен, доколку не сакате да го користите.
- Целосно вклучен, доколку сакате информациите цело време да бидат прикажани на екранот. Кога ќе го ставите телефонот во џеб екранот се исклучува поради заштеда на батерија.
- Ѕиркање (Peek), екранот е исклучен и истиот го вклучувате со поминување на раката преку екранот. Истиот ќе остане вклучен 60 секунди.
- Временски (Timed), екранот ќе биде вклучен 15 минути пред да се исклучи.
Nokia ја претстави Glance Background, апликација која што додава позадина на празниот дел од Glance екранот. Секогаш кога Glance екранот е вклучен, сега може да имате и слики, специјално прилагодени исто така за помала потрошувачка на батеријата. Апликацијата е сеуште во бета верзија, а ова се нејзините функции:
- Додадете до 4 слики кои ќе се менуваат
- Избор од вградени висококвалитетни слики
- Креирајте нови позадини од вашите албуми
- Додадете основни ефекти на сликите (preset effects, colorize, zoom)
- Зачувајте ги сликите за користење подоцна