visit-skopje-screens

Visit Skopje е нова апликација за корисниците на Windows Phone оперативниот систем, направена од страна на Семос, компанија која што развива активно за овој оперативен систем и има повеќе апликации за овие корисници.

„Visit Skopje е нашата најнова Windows Phone апликација која претставува еден вид туристички водич за Скопје. Се решивме да ја поддржиме и постарата 7.8 верзија бидејќи од извештаите од нашите претходни апликации може да видиме дека се уште има телефони со тој оперативен систем.“

Опфатени се голем број на локации, распределени во различни категории кои би можеле да бидат од интерес на секој што би го посетил Скопје. Хотели, ресторани, болници, аптеки кои работат 24 часа, нашето историско наследство и природните убавини се само дел од локациите за кои може да се најдат информации. До секоја локација може да се стигне со следење на вградената навигација благодарение на Bing Maps (за Windows Phone 7) и Here Drive (за Windows Phone 8). Како поинтересни опции во апликацијата може да се споменат опцијата за преглед на најблиските 10 локации, опцијата за додавање на локации како омилени, калкулаторот на валути и временската прогноза.

visit-skopje-3

Временската прогноза го користи web сервисот на OpenWeatherMap, сервис кој го користи и апликацијата 627.AM (позната на корисниците на Windows Phone). Моменталната температура и временска состојба може да се види и на live tile доколку апликацијата се прикачи на почетниот екран.

„Она што ни треба од корисниците на апликацијата е да ја користат можноста за прикачување на слики за секоја локација која ја имаат посетено. Сликите ќе може да се прегледуваат во апликацијата (откако ќе бидат одобрени). Семос е долгогодишен партнер на Microsoft и заради тоа прво е објавена верзија на оваа апликација за нивната платформа. Може да кажеме дека моментално работиме на верзија за Android и Windows 8. Најверојатно ќе бидат достапни на крај на летото, но Скопје е убаво да се посети во било кој период од годината.“

Апликацијата е достапна во продавницата за апликации и можете да ја симнете преку следниот линк.

visit-skopje-wp-qr

 

Претходна статија17 годишник го постави новиот рекорд за најбрзо пишување на мобилен
Следна статијаContinental развива гуми со сензори за истрошеност на гумите