Y1450438285747_en2-2
Remix OS – Пример за Android апликации во посебни прозори

Разгледувајќи го кодот на новиот Android N, луѓето од ArsTechnica имаат откриено неколку делови кои укажуваат на можна функција која значително би го сменила начинот на работа со овој оперативен систем.

Се работи за „freeform windows“ поддршка која што иако достапна во кодот, сепак не е можно да се вклучи и тестира. Покрај ова забележани се и референци за работи како „close“ и „maximize“.

Овие линии од кодот, како и одредени кратки објаснувања во документацијата од Android N укажуваат на можноста Google да воведе можност за работа на апликациите во намалена форма, односно во форма на прозори, како што тоа е случајот со десктоп оперативните системи. Дали, кога и во каква форма би била воведена оваа можност се’ уште не е познато.

Ваквата можност би направила голема разлика за овој оперативен систем којшто моментално во главно е оптимизиран и насочен за работа од мобилните уреди, па не остава многу простор за користење како хибриден уред, нешто што се покажа како доста популарно со Windows 10.

Корисниците на поголеми таблет компјутери ќе можат да ги користат повеќе како лаптоп компјутери што ќе ги стави Android таблетите во директна конкуренција со Surface линијата од Microsoft, како и со новиот iPad Pro.

Популарноста на ваквата можност може да се види и од посебно изменетата верзија од Android наречена Remix OS која што е наменета за инсталирање на обичен компјутер. Remix OS им овозможува на корисниците користење на апликации во посебни прозори, со што се добива еден вид на Android за десктоп оперативен систем.

Извор: ArsTechnica, TNW, TechnoBuffalo

Претходна статијаLG K5 и K8 се стилски смартфони со ниска цена
Следна статијаHERE го прекинува развојот на своите апликации за Windows
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.