Ова лето се очекува достапноста на првата поголема надградба на Windows 10 која ќе донесе доста подобрувања и нови функции на оперативниот систем. Наречена Anniversary Update, поради достапноста на годишнината од претставувањето на Windows 10, беше најавено дека ќе биде достапна за корисниците од ова лето.
Поточна дата за достапноста не беше дадена, па поради името, повеќето очекуваат дека таа дата ќе биде 29-ти јули, кога стана достапен Windows 10 или нешто околу оваа дата.
Сепак, според наслов на новост на Microsoft Blog страната, кој за кратко беше тргнат, Anniversary Update изгледа ќе биде достапна на 2-ри август, барем така стоеше на насловот. Со оглед на близината на датата, не би требало да има промени, односно не поголеми, па може прилично сигурно да сметаме дека надградбата ќе биде достапна како што се очекуваше, на крајот од јули, односно почетокот на август.
Инаку, надградбата ќе донесе низа на подобрувања на оперативниот систем, работи кои требаше да бидат порано достапни. Меѓу поважните е поддршката за екстензии на Microsoft Edge, а тука се и подобрувања во системот за известувања, Cortana, Windows Hello, како и нов систем за подобра работа со пенкалца, Ink.
Извор: Windows Central, gHacks, TechnoBuffalo