Во последнo време се почесто гледаме кратки анимации од одредени сцени, спотови, филмови… Наместо гледање цело видео од една, две или повеќе минути, луѓето се почесто креираат GIF анимации кои што се покажаа како поинтересни. Може да се каже дека GIF анимацијата претставува интернет уметност.
Дали знаете како се прават овие анимации и како вие самите да направите од било кое YouTube видео ?
За да не инсталирате дополнителни апликации или да пребарувате по интернет, ние ќе ви претставиме 2 различни веб базирани сервиси, преку кои што многу лесно ќе можете да направите GIF анимација од било кое Youtube видео.
Опцијата број 1 е многу лесна и едноставна и било кој може да направи GIF анимација. Отвораме преку пребарувачот на YouTube омилена серија, омилена сцена од филм, омилен спот… Линкот од YouTube видеото ќе ви изгледа вака:
“ https://www.youtube.com/watch?v=U8-OBPRetck “
Она што вие ќе треба да го направите е пред зборот youtube, а после www. да ги додадете трите магични букви gif, како на сликата подолу.
Откако ќе притиснете Ентер ќе бидете пренасочени на друга страна, односно на страната на која ќе си одберете време од кога и време до кога би траела вашата GIF анимација.
GIFS сервисот е многу едноставен и лесен за користење. Она што вие треба да направите е само да го одберете вашето омилено YouTube видео. Овој сервис не нуди многу, но нуди доволно за да направите најобична GIF анимација.
Дополнително, можете да внесете наслов на вашата анимација, текст во сцената за која креирате GIF анимација и откако ќе ги направите подесувањата се што треба е да притиснете Create GIF.
Еве како изгледа нашата анимација.
Откако ја разгледавме опцијата под број 1, на ред е опцијата под број 2. MakeAGif сервисот навидум сличен во функционалноста, но поброен во опциите од GIFS.
GIFS сервисот ни понуди единствено да одбереме YouTube видео и да си направиме анимација, додека MakeAGif сервисот нуди повеќе од тоа, односно можност за анимирање на видео кое што може да го прикачите од вашиот компјутер.
Освен наведеното, овој сервис ни нуди можност за прикачување и на било какви фотографии и со тоа да направиме своја анимација. Сервисот дури нуди можност за сликање на фотографии веднаш, доколку немаме спремно во тој момент тоа што ни треба.
За разлика од GIFS, MakeAGif како плус ни дава опција да одбереме каков формат да биде видеото и во која категорија од анимација ќе спаѓа нашата.
Дополнително за да изработите GIF анимација на MakeAGif ќе ви биде потребно да се регистрирате и да си отворите свој профил, додека на GIFS тоа не беше потребно.
Насловна фотографија: Stuart Miles @ FreeDigitalPhotos.net