untitle2d

Целта на проектот е да се замени начинот на позиционирање кој се користи досега. GPS позиционирањето функционира добро се’ додека условите се поволни, но прецизноста зависи од позицијата на сателитите или чистината на небото. Сигналот, исто така, може и да биде блокиран по потреба. Многу потешкотии има во тунели и слични услови кои не се во прилог на оваа технологија.

Американската војска има потреба од систем за позиционирање кој не зависи од сателити, односно кој ќе може сам по себе да ја одреди локацијата користејќи се’ што има на располагање. Станува збор за систем кој содржи прецизни жироскопи кои се способни да се калибрираат самите. Дополнително системот ќе може да користи светло, локални сигнали и многу други извори за да ја одреди локацијата на уредот. Практично доколку жироскопот не е способен да ја одреди локацијата другите сензори стапуваат на сила барајќи секакви сигнали (радио, телевизиски, сигнали од безжичен интернет, телефонски и слично) и според нив ќе може да ја одреди позицијата. Бидејќи користи повеќе извори, наместо само сателити, отпорен е на блокирање.

Моментално целта е да се направи автономен уред кој ќе може да биде ставен на одреден тенк, наведен проектил, или едноставно да го носи војник, и да служи според потребите. Целта е сите тие комплексни системи да бидат доволно мали и да работат во одредена рамка на потрошувачка на енергија.

Иако овој проект е се’ уште далеку од стадиум во кој би го заменил сегашниот GPS, како што оди стандардната постапка на DARPA не би не’ чудело за една деценија да биде веќе достапен за јавна употреба.

Извори: PCWorld, Engadget

Претходна статијаFacebook Scrapbook – Нов начин за организирање на сликите од вашите деца
Следна статијаAsus Flip е првиот Chromebook кој се претвора во таблет