1430872652558

Ве мрзи да си направите ручек, а и онака немате некоја идеја. Се` што е интересно и супервкусно бара време, состојки и напор. Само да имавте еден репликатор налик тој од Ѕвездени патеки и се` ќе беше полесно нели…

Е сега веќе имате. Не се вика репликатор туку Genie и доаѓа од Израел. Го развива компанијата White Innovations создадена од Ајелет Карасо и Дорон Марко, двајца претприемачи кои биле поттикнати да создадат ваков револуционерен уред кога сфатиле дека не постои ниту една пицерија што носи пица кај нив на работа касно навечер.

Genie работи на принцип што во себе содржи разни состојки (од на пример пилешко месо, млеко, какао, брашно итн.) кои се во облик на прав и исушени. Прво додавате доволно количество вода. Со помош на мобилната апликација вие одбирате што сакате да ви биде направено како јадење. Потоа, таа почнува да ги меша потребните состојки во точно одредена количина, па смесата ја пече или вари на точно зададената температура.

По завршувањето на процесот кој трае неверојатни 30-тина секунди, вие имате спремно јадење кое ве чека сместено во рециклирачки контејнери, во маса од околу 180 грама. Според основачите, тие користат само природни состојки кои биле дехидрирани, и не додаваат никакви презервативи или други додатоци, а одбрале да чинат слично на состојките за регуларно-зготвената храна за да не ви го оптоварат буџетот. Состојките имаат рок на траење до 2 години, но веројатно ќе ги потрошите набргу по нивното купување.

Genie ќе треба да чини неколку стотици долари, но секако дека очекуваме да се намали во цена, а воедно да се појави конкуренција која ќе го направи достапен дури и кај нас. Следниот пат кога ќе ве мрзи да си подготвите храна, помислете на Genie и како тој би ви помогнал во патешествието кон брза, вкусна и здрава храна.

Извор: Stuff.co.nz, Cnet

Претходна статијаПоддршката за додатоци во Microsoft Edge планирана подоцна за мобилната верзија
Следна статијаШто е ново во дизајнот на Windows 10?