teb-1

Овој концепт веќе сме имале шанса да го видиме, како анимација, но кинезите решија да го направат реалност, а сакаат да го тестираат веќе оваа година.

Се работи за автобуси кои се направени да бидат доста повисоки, односно над останатиот сообраќај, а под нив автомобилите да можат непречено да возат. Автобусите би се движеле по чини на лентите и со тоа улицата би ја оставиле слободна за возење.

Концептот е наречен Transit Elevated Bus (TEB) и бил презентиран на China Beijing International High-Tech Expo изминатиот викенд.

Дополнително се истакнува дека овој систем е многу поисплатлив од изградба на метро поради немањето потреба од копање на тунели под земја.

Автобусите би работеле на електрична енергија и се очекува значително да влијаат во намалување на гужвите и загадувањето на воздухот. Овој транспортен систем исто така би требало да го популаризира јавниот превоз во кина.

Извор: Mashable