
Американската компанија Knightscope која стои зад проектот автономни роботи за обезбедување претстави два нови модели. Компанијата не се прослави особено со првите два модели, меѓутоа се надева на подобрување со новите К1 и К7.
Од Knightscope велат дека нивните роботи се дизајнирани за да предвидат и спречат кривични дела. Решението за безбедносните проблеми со кои се соочува САД, но и Западот генерално е она што се двата нови модели на Knightscope – Роботи кои умеат да регистрираат прикриено оружје.
Првиот од двата новитети, К1 е статичен робот, кој ќе најде примена на аеродромите или други јавни места каде во моментов се користат скенери. Од досегашната пракса, заклучокот е дека стапката на носење оружје на места каде е забрането е огромна. Па, од компанијата препорачуваат поставување на нивниот робот во болниците лоцирани во сиромашните населби или други клучни локации. Роботот се очекува во некоја наредна фаза да биде способен да детектира радијација, и хемиски закани.

К7 пак, е футуристички автономен автомобил кој тежи речиси 300 килограми. Неговата намена се наоѓа на големи пространства од различен терен. Тука би можеле да се наведат аеродромите или хангари, фармите со соларни панели, паркови со ветерници и сл. Прототип од возилото се очекува во првите неколку месеци од наредната година.

Обата модели се опремени со најсовремените технологии познати до денес, но немаат задача да го заменат човечкиот фактор. Дополнувањето на батериите трае два и пол часа. За време на истиот период роботите се комплетно функционални, меѓутоа не се во можност да се движат наоколу.