upload2

PaperFold е интересен концепт во развој од страна на канадскиот Queens’s универзитет. Работи на e-peper технологијата за екрани која што треба да врши имитација на обична хартија. Технологијата е позната по користењето во електронските читачи на книги, како Kindle на пример и се карактеризира со многу ниска потрошувачка на енергија, меѓутоа не може да се спореди со HD LCD екраните со сите бои.

Карактеристично и интересно кај PaperFold концепт уредот е тоа што тој доаѓа со три посебни екрани кои што се меѓусебно поврзани, а може и по потреба да се откачуваат. Екраните при користењето се превиткуваат еден со друг и зависно од нивната позиција ја менуваат прикажаната слика на нив. Па така, доколку ги превиткате да бидат во форма на лаптоп компјутер, на легнатиот екран на масата автоматски ќе се појави тастатура, доколку ги превиткате екраните да се добие еден вид на 3D форма при гледање на Google мапи, сликата ќе се промени во 3D поглед на улиците и зградите. Можностите се многу и со развојот на уредот тие ќе се зголемуваат. Сепак се работи за концепт кој што ги покажува можностите на технологијата, па можеби уредот нема баш во оваа форма да ја најде својата примена кај обичниот потрошувач.

IMG_7100

Покрај можностите кои зависат од поставеноста на екраните, овој уред претставува целосно функционален мобилен телефон преку кој што може да се прават повици, да се примаат пораки, да се пристапи на интернет и слично.

Во продолжение можете да погледнете демо од уредот преку кое што најдобро ќе можете да добиете претстава за можностите на овој „телефон“.

Претходна статијаD-Link Wi-Fi Smart Plug, контролирајте ги вашите домашни уреди од било каде
Следна статијаSCiO: откријте го хемискиот состав на работите околу вас
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.