Beta public roads edit

Google веќе одреден период ја развива својата технологија за само управувачки автомобили. Можевме да го видиме Lexus автомобилот кој што беше прилагоден со додавање на технологијата како вози по американските улици, меѓутоа многу повеќе внимание привлече автомобилот целосно развиен од страна на Google.

Овој автомобил направен со нестандарден дизајн, е создаден за целосна автономија, па соодветно не вклучува волан, педали и слични работи кои што обично се потребни за возачот да може да го управува автомобилот. Овој автомобил веќе подолг период е тестиран на приватни улици, па по најавата минатиот месец, истиот сега може да се види на улиците на Mountain View, California.

Автомобилот и покрај тоа што е наменет да биде возен целосно автономно, за целите на тестирањето на јавни патишта е опремен со педали и волан, а во него цело време ќе биде присутен возач кој што би реагирал во случај на потреба.

sample-1

Со цел да ги направи овие и така интересни возила поприфатливи за јавноста, Google најави и проект „Paint the town“ кој што им овозможува на заинтересираните да испратат цртежи и слики кои што можат да бидат избрани да стојат на страната од возилото.

Исто така, од Google имаат направено посебна страна преку која што луѓето кои што го имаат видено автомобилот на улиците, ќе можат да ги пренесат своите искуства и мислења околу нивната интеракција.

Како што истакнуваат и од Google, времето кога повеќето автомобили ќе биде автономни, безбедноста на патиштата значително ќе се зголеми. Оваа технологијата исто така ќе овозможи дури и луѓе кои што не се толку добри возачи, односно се онеспособени од некаков проблем или старост, да можат без проблем да имаат автомобил.

Извор: Google

Претходна статијаSeagate претстави нови екстерни хард дискови од 4 и 8 TB
Следна статијаOnePlus 2 ќе биде претставен на 27-ми јули преку VR настан
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.