Третата и последна сезона на крими серијата на Би-Би-Си, Среќна долина (Happy Valley), доаѓа на Pickbox NOW на 18 март. Наградуваната серија ја освои наградата БАФТА за најдобра драмска серија, а наскоро доаѓаат сосема свежи епизоди за сите љубители на напнатите британски серии. Првите две сезони се достапни веќе сега на Pickbox NOW.

ШТО СÈ НÈ ОЧЕКУВА ВО НОВАТА СЕЗОНА

По феноменалната прва и втора сезона, во третата сезона наредничката Кетрин Кетвуд (Сара Ланкашир) ги открива остатоците на жртвата на гангстерско убиство. Ова откритие предизвикува несреќна низа настани кои ја водат до Томи, татко на нејзиниот внук Рајан и силувач на нејзината покојна ќерка.

Зборувајќи за успехот на првата и втората сезона, како и за новата сезона што доаѓа, авторката на серијата Сали Вајнрајт кажа за Радио Тајмс: „Приказната поминува низ сите три сезони: во првата сезона Кетрин и Томи се среќаваат лице в лице пред школото на Рајан, а во втората сезона за малку ќе се најдат лице в лице во крематориумот, на погребот на мајката на Томи. Во третата сезона, се случува доста голема пресметка лице в лице. Еден вид на катарзична пресметка којашто луѓето ја очекуваат. Доста е драматично.

ИСКЛУЧИТЕЛНО ПОЗИТИВНИ КРИТИКИ

Рецензиите на медиумите беа исклучително позитивни, а серијата доби 100 проценти оценка од критичарите на „Ротен Томејтос“ (Rotten Tomatoes).  Во септември 2019 година, „Гардијан“ ја вклучи серијата на 11. место на својот список на 100 најдобри ТВ серии во 21. век, нарекувајќи ја „коректив на клишеизираните и често машки полициски серии“ и серија која „пулсира со трогателна реалност“, Џерард О’Донован од „Телеграф“ ја нарече Среќна долина „комплексна, возбудлива и брилијантно напишана серија со брилијантна глума”.

Третата сезона воедно е и последна, а критиките не можат да бидат попозитивни. Луси Манган, која пишува за „Гардијан“, ја нарече последната епизода од третата сезона „брутална, нежна, смешна, уверлива и срцепарателна“; Анита Синг, која рецензира за „Дејли Телеграф“, ја оцени епизодата со 5/5 ѕвездички и напиша: „ Среќна долина звучи толку мрачно на хартија, со своите приказни за дроги, силувања и убиства. Но во сржта на приказната е љубовта која Кетвуд ја негува за своето семејство.“

АКТЕРСКА ПОСТАВА НА ЧЕЛО СО САРА ЛАНКАШИР

Во третата сезона, освен фантастичната Сара Ланкашир, на актерската постава ѝ се придружуваат Ишија Бенисон како Џојс, Шејн Заза како Шафик, Корд Мелодик како Слеџ и Мете Дурсун како Горкем. Тука и се и некои нови актерски додатоци, особено Оливер Хантигдон (The Rising), Џек Бандеира (Sex Education), Алек Секареану (God’s Own Country) и Ентони Фланаган (Gentleman Jack).

Феноменалната трета и последна сезона на британската крими серија Среќна долина гледајте ја само на Pickbox NOW од 18 март.

Претходна статијаMicrosoft претстави нов канал во Windows Insider програмата
Следна статијаGoogle Drive, Docs, Sheets и Slides добија редизајн според Material правилата