Скопје, 25.1.2023: Disney Channel и Disney Junior се воведуваат преку Македонски Телеком, најголемиот оператор во Македонија. Како дел од новиот договор меѓу компанијата Волт Дизни и Македонски Телеком, од март 2023 година исто така ќе бидат достапни и: National Geographic on Demand и myBabyTV.

Компанијата Волт Дизни и Македонски Телеком ја продолжуваат успешната долгорочна соработка. Освен светски познатите забавни канали како Fox, Fox Life, Fox Crime, Fox Movies и каналите: National Geographic, Nat Geo Wild, 24KITCHEN и Baby TV, коишто се присутни на локалниот пазар долги години, отсега за корисниците на MaxTV, Magenta TV и MaxTV Go ќе бидат достапни и семејните канали: Disney Junior и Disney Channel.

„Линеарните канали се еден од клучните бизниси за Дизни во Централна и Источна Европа. Посветени сме да одржиме успешна соработка со локалните партнери и на локалната публика да ù донесеме одлична содржина и најдобра забава. Со обновениот договор со Македонски Телеком, гледачите во Македонија ќе продолжат да уживаат во нашите фактографски и забавни канали, но ќе имаат пристап и до приказни и ликови коишто ги сакаат цели семејства преку новововедените Disney Channel и Disney Junior“, изјави Ирина Тотова, Потпретседател и Генерален директор на Дизни за балканскиот регион.

„Задоволството на корисниците е нашиот поттик и посветени сме да им овозможиме најдобра понуда на канали. Ја продолжуваме успешната соработка со Дизни, којашто ги збогатува содржините на најдобрата телевизија MaxTV. Новите канали Disney Channel и Disney Junior ќе донесат забава и заеднички моменти за целото семејство.“ – изјави Иван Брзовски, Раководител на Службата за управување со содржини на Македонски Телеком.

Disney Channel е наменет за деца на возраст од 6 до 12 годинии нуди одлични приказни со музика, пријателство и забава. Програмата на каналот содржи популарни емисии како што се: „Чудесно: Приказни за бубамарата и мачката Ноар“, „Амфибија“ и многу повеќе. Содржините на Disney Channel поддржуваат вредности коишто им помагаат на децата да се соочат со предизвиците на растењето, ги охрабруваат да веруваат во себе, да ги исполнуваат соништата и да поминуваат време со семејството и пријателите.

Disney Junior ги носи децата од предучилишна возраст и нивните родители во магичен свет на забава и имагинација со ликови коишто децата длабоко ги сакаат, со емисии како: „PJ Маски“, „Спајди и неговите неверојатни пријатели“, „Забавната куќа на Мики Маус“, „Блуи“ и многу повеќе. Содржината на Disney Junior се фокусира на емотивно раскажување приказни и креирање мили и љубезни ликови со кои децата се поврзуваат и коишто се одобрени од родителите. Каналот нуди содржини во согласност со очекувањата на децата.

Претходна статијаЧетири уреди кои ќе им се допаднат на сите љубители на технологијата
Следна статијаMicrosoft потврди проблем со пристап до нивните сервиси во целиот свет