Неверојатна бројка од 5000 танчери кои ќе се натпреваруваат во дисциплините „хип хоп“ и „стрит денс шоу“ на спектакуларниот шампионат кој вчера започна во Скопје – IDO World Hip-HopChampionship & Street Dance Show 2024.

Во организација на клубот „Брејк а Лег“, од 9 до 17 октомври, во Спортскиот Центар „Борис Трајковски“ ќе имаме можност да гледаме претставници од 35 држави, да уживаме во духот на хип хоп културата, да сведочиме на бројни изненадувања и настапи, како и да ги бодриме претставниците на нашата држава. 

Во првиот ден од шампионатот, извонредниот подиум кој ги задоволува светските стандарди и изгледа навистина моќно, имавме можност да гледаме екипи од држави кои со сета страст кон танцот покажаа неверојатни вештини и приредија оригинални перформанси.

До крајот на шампионатот, ќе имаме можност да ги гледаме следните држави: Македонија, Турција, Грција, Албанија, Германија, Норвешка, Романија, Кипар, Литванија, Словачка, Данска, Холандија, Полска, Швајцарија, Босна и Херцеговина, Словенија, Србија, Молдавија, Шведска, Естонија, Индија, Јужна Африка, Канада, Обединето Кралство, Франција, Бугарија, Белгија, Јужна Кореа, Австрија, Финска, Италија, Чешка, Унгарија, Црна Гора и Хрватска. 

Првенството е вистински спектакл на енергија, креативност и танцови вештини, што ќе придонесе за позитивен дух и меѓународен престиж за нашата држава – со што Македонија уште еднаш покажува дека може да организира настани од светски калибар и да биде еден од клучните играчи во светот на уметноста. Ова е настан кој не само што претставува одлична можност за промоција на нашата култура и традиција пред меѓународната публика, туку и силен поттик за развој на танцовата индустрија во Македонија. 

Претходна статијаЗапочнува достапноста на USB4 2.0 каблите до крајот на годината
Следна статијаСтојановиќ од „Макпетрол“ ќе се бори за бронза на Светското карате првенство во Венеција