Оваа година ќе се одржи јубилејното 20-то издание на „Бела ноќ“, како препознатливо обележје на Град Скопје за активности од областа на културата на територија на централното градско подрачје, каде ќе се одбележи уметноста и креативниот потенцијал на градот преку настани кои ќе ја заинтригираат јавноста.

За таа цел ЈУ „Универзална сала“ – Скопје и Град Скопје, распишуват Јавен повик за учесници кои се заинтересирани да аплицираат и да понудат иновативна програма со цел да се збогати културната понуда на градот Скопје.

Овогодинешното издание на „БЕЛА НОЌ“ ќе се одржи на 5 октомври 2024 на повеќе централни локации низ градот Скопје.

На конкурсот можат да се пријават уметници кои творат во следниве области: ВИЗУЕЛНИ УМЕТНОСТИ (Ликовна уметност, фотографија, инсталација, видеоарт, стрип), ПРИМЕНЕТИ УМЕТНОСТИ (Архитектура, визуелен/индустриски/веб дизајн, мода, дигитални креации, видеоарт и инсталации), МУЗИКА, ФИЛМ, ТЕАТАР, ЈАВНА УМЕТНОСТ, УРБАНИ ИЗВЕДБИ И ПЕРФОРМАНСИ.

Селекцијата ќе биде направена од страна на жири комисија врз основ на поднесените апликации, а водејќи се од критериумите: квалитет, иновација и оригиналност на идејата, презентирање и афирмирање на современото творештво, урбаната култура и јавната уметност во опсег на предложениот концепт.

Повеќе информации за Јавниот повик може да најдете на www.univerzalna.mk/belanok.

Крајниот рок на аплицирање е 19.08.2024.

Претходна статијаГледајте ги Олимписките игри Париз 2024 на Eurosport 4K исто како да сте на терен
Следна статијаSamsung ги приближува фановите до спортистите повеќе од кога било на свеченото отворање на Олимписките игри во Париз 2024