Apple денеска одржува настан на кој, иако не нагласија официјално, ќе ја претстават новата генерација од нивниот смартфон, iPhone 12. Оваа година се очекува дека ќе има четири различни модели, што значи дека овој пат телефонот ќе биде насочен кон поголема публика, односно кон повеќе категории на пазарот и огромната конкуренција од Android телефоните.

Како што е веќе стандардно и очекувано за 2020, настанот ќе биде само онлајн, а најверојатно ќе биде и претходно снимен, односно нема да биде класичен настан само без публика во живо.

Во нашата временска зона настанот ќе почне во 19:00 часот и ќе може да се гледа преку страната на Apple на овој линк https://www.apple.com/apple-events/ или директно преку YouTube на видеото на почетокот од статијата. На YouTube можете и да изберете да бидете потсетени, да не заборавите да го следите настанот.

Покрај други можни производи, главните кои ги чекаме се четирите нови iPhone 12 модели, односно iPhone 12 mini, iPhone 12, iPhone 12 Pro и iPhone 12 Pro Max, иако ова уште е во рамките на неофицијални најави, па може да дојде и до „изненадување“.

Како поголема конкуренција на пазарот за пошироката публика ќе се смета mini моделот кој ќе има екран со големина од 5,4 инчи. Ова за денешно време е прилично малку, но затоа се очекува и помала цена која ќе биде достапна за многу повеќе луѓе. Сепак, голем дел од луѓето сметаат дека помалите телефони беа подобри за користење.

До почетокот, за време на пишувањето на оваа статија, остануваат уште 4 часа, па за многу кратко ќе видиме што точно ќе претстави Apple.

Претходна статијаЗавршува поддршката за Microsoft Office 2010
Следна статијаСветската Здравствена Организација не препорачува рестрикции во движењето како примарна мерка за справување со коронавирусот
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.