Apple официјално ја откри датата на која ќе се одржи нивната главна годишна конференција за програмерите, WWDC 2023. Првиот и главен дел од конференцијата ќе биде 5 јуни, а целата конференција ќе трае до 9 јуни.

Повторно конференцијата ќе биде во најголем дел онлајн, но на првиот ден ќе има неколку настани на кои избрани луѓе ќе може да присуствуваат лично, а тука се и настаните за студентите.

На WWDC 2023 ќе ги видиме новите верзии од оперативните системи од компанијата, односно ќе бидат претставени iOS 17, iPadOS 17, watchOS 10, macOS 14, како и tvOS 17.

По првичната неофицијална најава дека не треба да се очекуваат некои посебни новини кај iOS 17, сепак сега се најавува дека Apple ќе донесе неколку доста барани функции од страна на корисниците.

Главното внимание на настанот треба да биде насочено кон уредот од Apple за проширена и виртуелна реалност. Овој уред се’ уште не е официјално потврден од компанијата, но се верува дека конечно ќе го видиме на WWDC 2023.

За овој уред можевме да прочитаме дека бил прикажан на главните менаџери на компанијата и бил спремен за претставување, иако првата верзија се очекува дека ќе има одредени недостатоци и висока цена од 3000 долари.

Графиката која е дел од годинешната покана, според некои асоцира на можното претставување на уредот за проширена реалност.

Како и секогаш, останува да го следиме настанот, па да видиме што се ќе биде претставено.ф

ИЗВОРApple
Претходна статијаГрантови до 40.000 евра и индивидуални обуки за иновативни Agritech и Tourtech идеи
Следна статијаПрвиот стриминг сервис во регионот бесплатно достапен во април
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.