Се знаеше дека оваа есен Apple ќе го одложи претставувањето на iPhone телефоните за годината, односно iPhone 12 серијата, а во септемврискиот настан, кој сепак го одржа, претстави други производи.
Сега конечно Apple закажа уште еден настан за оваа есен, а на овој настан се очекува претставувањето на четири iPhone 12 телефони, барем така кажуваат неофицијалните информации.
Настанот ќе се одржи на 13-ти октомври, идниот вторник, со почеток во 19:00 часот според македонско време. Со оглед на тоа што настанот ќе биде само онлајн, од познати причини, секако ќе биде достапен да се гледа во живо.
Според неофицијални информации за кои веќе и ретко се сомневаме во нивната точност, Apple ќе претстави четири iPhone 12 модели. Тие ќе бидат:
- iPhone 12 mini со 5,4 инчен екран
- iPhone 12 со 6,1 инчен екран
- iPhone 12 Pro со 6,1 инчен екран
- iPhone 12 Pro Max со 6,7 инчен екран
Иако изминатите години неофицијалните информации, барем тие од неколку докажани извори, се покажуваат како точни, сепак ќе оставиме простор дека има и некаква грешка. Настанот е за една недела, па ќе видиме што ќе донесе новата генерација од iPhone.
Во поканата Apple ја користи изјавата „Hi, Speed“, што укажува на тоа што ќе биде главната новина, односно главната карактеристика на новите телефони.