Крајот на поддршката за Windows 10, без разлика на достапноста на продолжена поддршка, се покажа како одлична шанса за големиот број на Linux дистрибуции, а правецот во кој Microsoft го носи Windows 11 е уште поголема помош за нив.
Статистиките покажуваат дека дури 500 милиони корисниците одлучуваат да не го инсталираат Windows 11, иако дел од нив е и поради поставувањето на построги правила од страна на Microsoft.
Покрај одамна познатите Linux дистрибуции, изминатите години добро се покажуваат и такви како Zorin OS, кои имаат за цел директно да ги привлечат корисниците на Windows.
Додека од Zorin тоа го прават со едноставноста на користење, сличности кај корисничкиот интерфејс, како и достапноста на алтернативни апликации, има и такви кои сакаат директно да ги привлечат „гејмерите“.
Благодарение на Valve, достапноста на игри ексклузивно на Windows може многу лесно да стане историја, па ќе дојде до израз колку корисници остануваат на овој систем само поради игрите.
Bazzite е Linux дистрибуција која се промовира како „гејминг“ дистрибуција, а од таму истакнаа дека изминатите месец дена имаат 25% раст на нови корисници неделно. Можеби не се работи за огромни бројки кои ќе ги загрижат Microsoft, но дефинитивно ја покажува подготвеноста на корисниците да му дадат шанса на Linux.
Овој систем е направен на основа на популарната дистрибуција Fedora, а доаѓа со инсталирани апликации како Steam и поддршка за HDR, VRR, но и одредени оптимизации и прилагодувања кои се специјално направени за играње игри.
Proton технологијата која ја развиваат од Valve овозможи над 90% од игрите на Windows станат достапни на Linux, иако има уште работа за да можат да се играат сите најпопуларни игри.
Покрај на десктоп компјутерите, Bazzite може да се инсталира и на малите играчки конзоли, а тука е Steam режимот кој ќе го направи искуството скоро како на Steam Deck уредите.








































