Фото: Beeper.com

Apple очекувано не прифати да додаде поддршка за RCS протоколот од Google во нивната Messages апликација и со тоа корисниците од овие две платформи да можат да комуницираат преку двете апликации од компаниите.

Затоа апликацијата Beeper го направи тоа, па корисниците на кои оваа можност им е навистина важна, сега ќе имаат некаква можност за комуникација со своите Android корисници од нивниот iPhone.

Beeper е апликација која овозможува комуникација преку повеќето други апликации за разговори, користејќи ја само нивната една апликација. Порано ваквите апликации беа доста популарни, но во денешно време корисниците немаат проблем да имаат на својот телефон повеќе апликации.

Поддршка е додадена за Google Messages апликацијата заедно со RCS протоколот, но за почеток истата е во бета форма и не е познато кога ќе им биде пуштена на сите корисници.

Не сите функции се достапни во првата верзија, па корисниците не можат да ги гледаат сликите од контактот, информација за дали пораката е прочитана во групните пораки не функционира, а исто така информацијата дека другата страна пишува.

RCS протоколот, за потсетување, е одговорот на Google на iMessages после години на голема популарност на овој сервис од Apple. Во основа, овие два сервиси овозможуваат да преку апликацијата за SMS се испраќаат пораки, како преку другите модерни сервиси, кратко кажано, кога се користи интернет конекцијата, наместо SMS протоколот.

Apple не се познати по тоа што прифаќаат вакви понуди, па веруваме дека мали се шансите и во иднина да овозможат RCS поддршка во нивната Messages апликација.

Секако, корисниците на двете платформи слободно можат да комуницираат преку другите апликации, како Viber, whatsApp, Messenger и слични.

ИЗВОРAndroid Authority
Претходна статијаВерноста се исплати: Не пропуштајте да купите телефон од Redmi серијата по неверојатна цена
Следна статијаПо T Phone, доаѓа T Tablet
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.