OpenAI, при претставувањето на GPT-4o јазичниот модел минатиот месец, ја најави и првата десктоп апликација за ChatGPT. Истата прво ќе биде достапна на macOS, по што до крајот на годината се најавува и за Windows.

Корисниците кои плаќаат за ChatGPT можеа да ја пробаат десктоп апликацијата, а истата сега им е достапна на сите корисници, односно на сите корисниците на macOS кои имаат компјутер кој работи на некој од М чиповите од Apple.

Апликацијата е едноставна, како и веб страната, а тоа што е навистина корисно е можноста да се користи како еден вид на замена за Spotlight. ChatGPT може да се активира како мала лента на средината од екранот, исто како Spotlight, па корисниците директно тука да го започнат разговорот со „чет ботот“.

Кратенката на тастатурата е поставена на „option + spacebar“, но истата може да се промени во нешто друго што ќе им одговара повеќе на корисниците.

Покрај можноста за започнување на стандарден разговор со ChatGPT, преку лентата може да се направи слика од екранот, да се прикачи датотеки, како и да се направи слика. Ова се стандардни работи со кои може да функционира ChatGPT, покрај со текст.

Добро е што од аспект на приватноста, а таков е macOS како систем, ChatGPT не се интегрира во другите апликации, односно содржината од нив мора да биде копирана и пренесена во апликацијата за да може да се работи со неа.

ChatGPT десктоп апликацијата за macOS е достапна преку овој линк.

ИЗВОРOpenAI
Претходна статијаИтно копче – технологија што спасува живот со успешна реализација
Следна статијаСобрани над 300 тони отпад од над 18.000 волонтери во „Generalka Weekend 2024“ – најмасовна еко-акција во државата
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.