Фото: OpenAI

Вештачката интелигенција се покажа како одлична алатка при барањето на производи кои корисникот сака да ги купи, посебно што во денешно време изборот е огромен. 

ChatGPT е одлична алатка за помош при „шопинг“, а сега OpenAI ја однесоа на наредно ниво. Корисниците добиваат посебен режим специјално наменет за помош при купување, кој им стана достапен на сите корисници, вклучувајќи ги и бесплатните. 

Shopping research е името на новата функција во ChatGPT, а корисниците можат самите да ја вклучат или да постават прашање поврзано со купување на некој производ, па асистентот може и самиот да им предложи да премине во режимот за истражување при „шопинг“.

Разликата помеѓу досегашната можност за истражување на различни производи е што со shopping research корисниците добиваат низа на прашања кои треба да помогнат во истражувањето на конкретни производи. 

Овие прашања се поврзани со цената која корисниците се подготвени да ја платат, карактеристиките на производот, условите каде што би се користел и слично. 

По поставувањето на прашањето и одговарањето на сите прашања од ChatGPT, започнува процесот на истражување, после кој корисниците добиваат детален одговор, табели и слично. 

„ Shopping Research е направен за тој подлабок тип на одлучување. Го претвора откривањето на производи во разговор: поставува паметни прашања за да разбере што ти е важно, влече прецизни и актуелни детали од квалитетни извори и ти носи опции што можеш да ги прецизираш. Особено добро работи во категории со многу детали, како електроника, убавина, дом и градина, кујна и апарати, како и спорт и активности на отворено.“ – истакнуваат од OpenAI.