За точно една недела, на 4 ноември 2025 година, Скопје ќе стане епицентар на регионалната бизнис сцена, кога ќе се одржи 8. Регионална конференција за е-трговија под темата „E-COMMERCE: FASTEN THE FUTURE“. Во организација на Асоцијацијата за е-трговија, во тек се финалните подготовки за настанот што ќе го претвори Скопје во регионален центар на е-трговијата.

Оваа година, конференцијата ветува најголемо издание досега, кое ќе ги обедини највлијателните компании, визионери и иноватори од целиот Балкан и пошироко. Учесниците ќе имаат можност да слушнат и да се инспирираат од говорници кои ќе споделат знаење, искуство и практични совети за тоа како се создава, обликува и забрзува иднината на е-трговијата.

Новитетот оваа година е што конференцијата за првпат ќе се одвива паралелно на две сцени, создавајќи динамично искуство кое ги спојува инспирацијата и практиката. На главната сцена ќе се слушнат визионерски идеи, испробани стратегии и лични приказни од највлијателните имиња во светот на е-трговијата, дигиталниот маркетинг и вештачката интелигенција. Говорници од глобални компании како Dolce & Gabbana, TikTok, Booking.com, Wolt, Publicis Groupe, Direct Media, Bigburg, Korpa, Brainster Next и други водечки брендови ќе споделат како иновацијата, креативноста и технологијата заедно го обликуваат идниот правец на е-трговијата. Нивните презентации ќе опфатат теми што ја дефинираат новата ера на онлајн купувањето – од улогата на вештачката интелигенција во безбедноста на клиентите, преку значењето на автономните AI агенти, до тоа како инфлуенсерите, содржината и податоците стануваат новата валута на современата е-трговија. 

Паралелно, на втората, hands-on сцена, идеите ќе се претвораат во конкретни чекори. Учесниците ќе имаат можност директно да учат преку интерактивни сесии – од онлајн плаќања и интеграции со Halkbank, преку отклучување на моќта на податоците, до креирање кратки видеа, запознавање со AI алатки и совети за добивање грантови, инвеститори и партнерства. Двете сцени заедно ќе создадат единствено искуство – едната ќе инспирира со визија, а другата ќе покаже како визијата се претвора во резултати. Комплетната агенда за конференцијата може да се погледне овде.

Инаку, во рамките на конференцијата ќе биде поставена и експо-зона каде што компаниите ќе ги презентираат своите најнови производи, технологии и услуги. За полесно вмрежување, повторно ќе биде достапна мобилната апликација на конференцијата, наменета за закажување индивидуални состаноци меѓу учесниците, но и за следење на сите детали поврзани со конференцијата. Нетворкинг-зоната пак, ќе овозможи директни средби меѓу учесниците.

Со повеќе од 800 регистрирани учесници од целиот регион и со присуство на водечки глобални и регионални брендови, овогодинешната конференција поставува нови стандарди за е-трговијата во регионот и пошироко. Интересот е огромен, а останати се само неколку последни карти за сите кои сакаат да бидат дел од највозбудливиот бизнис настан во регионот.

Картите може да се купат на официјалната веб-страница на конференцијата: ecommerceconference.mk.

Конференцијата е поддржана од Visa како платинум партнер, Halkbank како стратешки партнер, Korpa како партнер за храна и достава, Brainster како AI партнер, A1 како дигитален партнер, а Ananas и Casys како златни партнери. Сребрени партнери се Комерцијална банка, IUTE, Филип Морис Интернационал, Сава пензиско друштво, Гранд Скопје, Public Cloud Group и Wolt, заедно со повеќе бронзени партнери.

Претходна статијаСкандинавците ќе се запознаат со убавините на Македонија
Следна статијаПремиера на краткиот филм чиј потпис го носи RM од групата BTS, во соработка со компанијата Samsung, ја прикажува радоста на уметноста во домот преку Samsung Art TV уредите