Фото: Shutterstock.com

Доста реакции предизвика воведувањето на дополнителни царини за сите земји кои извезуваат во САД, меѓутоа таа одлука подоцна беше одложена за наредните три месеци. 

Тоа што остана се царините кон Кина, кои беа и дополнително зголемени поради воведувањето на повисоки царини од кинеска страна. Поточно, Трамп реши да додаде дополнителна стапка на царина од 125%, а кога ќе се додаде на претходната стапка од 20%, значи дека производите увезени од Кина во САД ќе се царинат со 145%. 

Ова секако предизвика доста реакции, а во главно поврзани со ИТ компаниите кои во голем дел зависат за производството на своите производи од Кина. Трамп цело време тврди дека неговата цел е производството да се донесе во САД, но според некои тоа не би било возможно, а во голем дел и поради достапните стручни лица во доволно голем број. 

Трамп неколку дена подоцна донесе одлука да се исклучат од дополнителната стапка на царинење од 125% одредени производи, а тие во главно се компјутери, смартфони, чипови и слични електронски производи. 

Покрај оваа одлука, не е познато што ќе се случува со царинската политика кон Кина, а се очекува и воведување на дополнителни царини за ваквите производи, само под друга категорија. 

Трамп имаше „проблем“ со Кина уште од неговиот прв мандат, па ќе видиме што ќе се случува во периодот што следи. 

ИЗВОРEngadget
ИЗВОР 2MacRumors
Претходна статијаПриближно 3000 учеснички го истрчаа 13. издание на Авицена Женска трка
Следна статија„Макпетрол“ е најтрофеен клуб во историјата на карате-спортот на Македонија
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.