firefox_logo

Firefox, познатиот интернет прелистувач од Mozilla стигна до 30-та верзија која што е достапна за симнување или надградба. За разлика од претходната верзија која што вклучуваше повеќе промени, меѓу кои и целосно новиот дизајн наречен Australis, оваа верзија спаѓа во помалите надградби и не вклучува поголеми промени. Firefox 30 е достапен за сите корисниците, односно новата верзија можат да ја симнат корисниците на Windows, Linux, OS X и Android.

Новините во најновата верзија од прелистувачот за десктоп корисниците ги вклучуваат:

  • Копче за пристап до страничните ленти (Sidebars button) кое што овозможува од едно централно место да пристапите до лентите како bookmarks, history, ленти од социјалните мрежи и слично
  • Поддршка за GStreamer 1.0
  • Plugin додатоците нема автоматски да се вклучуваат, освен тие што се дел од листата на дозволени или дел од друга екстензија

Целосната листа на промени, како и промени за програмерите, можете да ја погледнете на следниот линк.

Покрај десктоп верзијата, надграден на верзија 30 е и Firefox за Android корисниците, а во оваа верзија нови се следните работи:

  • Можност за додавање на веб страни на вашиот home екран
  • Quickshare икони во Контекст менито, односно менито кое што се отвора со подолго притискање на некој линк
  • Додадени повеќе нови јазици

Целосната листа на промени за Android верзијата можете да ја видите на следниот линк.

Firefox 30 можете да го симнете на десктоп, како и преку Play Store за Android. Доколку веќе го користите прелистувачот, истиот автоматски ќе се надгради доколку така е прилагоден или можете мануелно да го надградите.

Претходна статијаБатерија од алги, со 200 пати поголема ефикасност
Следна статијаGoogle ја купи Skybox сателитската компанија за 500 милиони долари
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.