Shutterstock.com

Прераснувањето во пандемија на COVID-19 заболувањето доведе до тоа да повеќето компании кои имаат услови за тоа, го организираат работењето на своите вработени од дома. Со тоа се намалуваат шансите за ширење на болеста дополнително помеѓу вработените, па не требаше многу за повеќето да се одлучат на вакви мерки.

Според првичните очекувања на Google, враќањето на вработените требало да се случи од јуни, меѓутоа тоа изгледа нема да може да биде така.

Според информациите од оваа компанија, како и од Facebook, работењето од дома ќе продолжи до крајот на годината, а враќањето на работа ќе се случи дури идната година, а тоа ќе зависи секако од случувањата до тогаш.

Во меѓувреме, работниците што сепак мора да одат на работа ќе почнат да го прават тоа од јуни или јули, а истото ќе го прават во посебни услови и со посебни мерки за заштита.

Одлуката на овие две компании се смета како пример којшто најверојатно ќе го следат повеќето други компании, а и ги поставува очекувањата за тоа кога реално може да се очекува нормализирање на животот.

ИЗВОРPocketNow
ИЗВОР 2The Verge
Претходна статијаЈП Водовод и канализација овозможува електронска пријава на дефект
Следна статијаНајави за 120 Hz екран и подобрени камери кај iPhone 12
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.