Girls in Tech Македонија е официјален партнер и подржувач на престојниот Startup Викенд Скопје, кој ќе се одржува од 20-22 ноември во новиот CoSeed бизнис комплекс. По тој повод обезбедивме 3 гратис карти за нашите девојки во технологија кои имаат претприемнички дух и сакаат да учествуваат на овој возбудлив настан.
Девојки, ако сте заинтересирани да учествувате на Startup Викенд Скопје и сакате да добиете гратис карта, ве молиме пратете ни меил на macedonia@girlsintech.org со наслов “Сакам карта за Startup Викенд Скопје” и во меилот напишете ни за вашата професионална и образовна позадина и зошто би сакале да учествувате на настанот.
Последниот рок за оваа понуда е 13-ти ноември. Сите апликации ќе бидат разгледани и ќе ги објавиме 3те добитници најкасно до 15ти Ноември. Сите останати кои аплицирале, а нема да добијат гратис карта, ќе добијат попуст од 30%.
Ако сакате да дознаете повеќе за настанот, можете да ја отворите страната на www.sw.mk. Овој пат еден од менторите на Startup Викенд Скопје ќе биде и нашиот менаџер за развој на кариерата, Ирена Ефремовска, уште една причина плус да го посетите настанот.