Instagram претстави нова функција наречена Blend, која е замислена како подобрување на делот за пораки. Blend во основа овозможува заедничко гледање на Reels помеѓу пријателите, без разлика дали се работи за двајца пријатели или група. 

Оваа новина не е сѐ уште пуштена за сите, па доколку е достапна на вашата апликација, ќе можете да ја забележите кога ќе отворите некој разговор, еден на еден или групен. Иконата за Blend е поставена на горната лента, а од таму ќе може да се гледаат Reels видеата. 

Заедничкото гледање на Reels видеата во основа претставува листа на видеа, нешто што и сега го има, во овој случај направена со комбинирање на предлозите кои ги добиваат корисниците. 

На овој начин може да се каже дека корисниците добиваат пристап до вкусот на своите пријатели, па ќе можат да видат видеа кои им се препорачани на нив. 

За да може да се почне да се гледаат видеата, потребно е да се испрати покана за креирање на Blend, па кога некој ќе ја прифати поканата, стануваат достапни и видеата. 

Корисниците секако можат и да излезат од некој Blend, а истите може да се креираат во било кој разговор, односно не постои само една листа. 

Претходна статијаСтраните за конвертирање на датотеки стануваат алатка на хакерите
Следна статијаМинималниот простор за податоци кај Android 15 се зголемува на 32GB
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.