Intel официјално ја претстави наредната генерација од нивните Intel Core процесори за десктоп компјутерите, а на ред е четиринаесеттата генерација.

Intel Core 14th Gen не е огромна надградба во споредба со ланските, но сепак го донесува највисоката фреквенција кај десктоп процесорите, како што истакнуваат од компанијата.

Достапни ќе бидат три нови процесори, односно шест кога ќе се земат верзиите без интегрирана графика. Тоа се i9-14900K, i7-14700K и i5-14600K.

Intel Core i9-14900K процесорот доаѓа со можност за работа до 6Ghz со „boost“ функцијата, а истата оваа година доаѓа со вештачка интелигенција. Тоа значи дека XTU апликацијата доаѓа со новата AI Assist функција која овозможува „overclocking“ со еден клик врз основа на машинско учење.

Како новина која вреди да се истакне е и зголемувањето на бројот на „ефикасни“ јадра кај i7-14700K,  односно процесорот сега има четири јадра повеќе, со што добива 8 јадра за перформанси и 12 јадра за заштеда на енергија, заедно со 28 „threads“.

Од Intel најавуваат дека веќе од денес новите процесори ќе бидат достапни во продажба и можат да се очекуваат и конфигурации кај новите компјутери.

Сите процесори се компатибилни со 600/700 серијата од чипсети, со што повеќето корисници ќе можат да ги надградат своите компјутери, без потреба од купувоање на нова матична плоча.

ИЗВОРTechSpot
ИЗВОР 2Intel
Претходна статијаКаратисти на „Макпетрол“ ќе учествуваат на Светските игри во боречки спортови
Следна статијаCloudCart – Нова платформа овозможува едноставно креирање на онлајн продавница
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.