Intel официјално го претстави Thunderbolt 5, две години по претставувањето на Thunderbolt 4 и тоа што може да се заклучи од најавата е дека дефинитивно се работи за вредна и забележителна надградба.
Од тоа што може да се види, слободно може да се каже дека Intel на пазарот ќе овозможи решение за корисниците кое ќе им овозможи да користат еден кабел за сите нивни потреби.
Брзината на пренос на податоци е зголемена дупло, од 40 на 80 Gbps, но со помош на Bandwidth Boost истата оди и до 120 Gbps. Брзината на PCI Express е дуплирана, што значи дека корисниците ќе можат да прават пренос на податоци од еден на друг диск, доста побрзо.

Thunderbolt 5 е направен на основа на најновите верзии од потребните стандарди, односно со USB4 V2, DisplayPort 2.1 и PCI Express Gen 4.
Од компанијата презентираа и демо од прототип лаптоп и „док“ станица преку кои ја прикажаа можноста на Thunderbolt 5, а од истото се гледа дека професионалците, како и „гејмерите“, ќе добијат доста големо подобрување.
Новиот стандард ќе овозможи побрзување на повеќе 8К монитори со стапка на освежување до 540Hz. Можноста за користење само на еден кабел се гледа во можноста за полнење до 240 W, нешто што би било доволно за повеќето компјутери.
Практичната примена на Thunderbolt 5 може да се очекува од идната година.