Минатиот месец неофицијално беше пуштена информацијата дека од Intel планираат да ја тргнат една од најпознатите ознаки на пазарот, ознаката „i“. Како што најчесто и излегува, информациите се покажаа како точни, па од компанијата официјално ја најавија оваа промена.

Почнувајќи од Meteor Lake, односно наредната генерација процесори од компанијата, истите веќе нема да ја имаат ознаката „i“ во нивните имиња, па едноставно ќе бидат нарекувани Intel Core 3, 5, 7 и 9.

Уште поголема новина е воведувањето на нов бренд кај овие процесори, а тоа е Ultra брендот. Ultra ознаката ќе биде додадена на процесорите од Intel Core серијата, а ќе означува процесори кои ќе бидат понапредни, кратко кажано и очекувано.

Тоа значи дека покрај Intel Core 3, 5, 7 и 9, достапни ќе бидат и Intel Core Ultra 5, 7 и 9, односно првата категорија, Intel Core 3, нема да има и Ultra варијанта.

За Meteor Lake, кои треба да бидат претставени подоцна годинава, се најавува поголем скок во перформансите и ефикасноста поради воведување на Intel 4 процесот, како и за првпат посебен дел за вештачка интелигенција, Intel AI Boost.

ИЗВОРEngadget
ИЗВОР 2Intel
Претходна статијаИдната година новиот Outlook официјално ќе ги замени Mail и Calendar апликациите во Windows 11
Следна статијаiPhone и iPad ќе ги предупредуваат корисниците кои го држат уредот премногу блиску до очите
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.