Паметните системи во домот овозможуваат интеграција на различни уреди и системи во домот, кои можат да се контролираат преку паметните телефони, овозможувајќи им на корисниците да ги приспособат поставките и да управуваат со својот дом на удобен и интуитивен начин. Но кога станува збор за домашните апарати, првата асоцијација секогаш се домашните обврски, кои често пати ни одземаат голем дел од слободното време за кое секогаш постои попосакувана варијанта.
Иновации кои заштедуваат време при извршување на домашните работи
Иновативните технологии играат сè поважна улога во олеснувањето на домашните работи. Еве неколку начини на кои можете и вие да го направите тоа:

Паметни машини за перење и сушење: иновативните технологии во машините за перење овозможуваат ефикасно перење алишта, со помала потрошувачка на енергија, но со поголем капацитет. На пример, новите машини за перење и сушење со вештачка интелигенција на Samsung ефикасно, интелигентно и темелно ги перат сите алишта со технологијата за перење со ладна вода Ecobubble. Машината за перење со AI Eccobubble и AI Wash одредува колку е потребно вода и детергент да се користат според видот и нивото на валканост на алиштата и на тој начин овозможува подобра нега на ткаенината. Исто така, го препознава типот на ткаенината и ја оптимизира количината на меурчиња, времето на перење, температурата и брзината на барабанот.
Конечно, со AI Control може да го „персонализирате“ циклусот на перење и сушење бидејќи апликацијата SmartThings ви дава совети за циклуси, планирање и решавање проблеми. Дигиталниот инвертот на оваа машина за перење алишта има гаранција од 20 години, и дополнително – за да можете да се опуштите додека технологијата ги извршува домашните работи наместо вас, овие апарати имаат вградени силни магнети за потивко работење. И целиот процес на пуштање на машината, можете да го управувате од мобилниот телефон и да ги следите циклусите кои сте ги одбрале според предложените.

Денес, кога слободното време е толку многу драгоцено, секому е потребен начин како домот да сјае, а обврските во домаќинството да бидат бргу и лесно завршено. Токму затоа тука е паметната правосмукалка Samsung Bespoke Jet Al, која покрај тоа што има многу елегантен дизајн, е и една од најмоќните Samsung стик правосмукалки на пазарот со HexaJet Motor кој создава моќ на вшмукување до 280 W, а мултициклонската филтрација на воздухот задржува 99,99 % од најмалите честички прашина.
Покрај тоа, содржи и батерија која трае 100 минути, што е доволно за чистење на целата куќа. Благодарение на вештачката интелигенција, правосмукалката препознава различни типови на подови и темелно го чисти секој од нив, додека ротирачкиот циклон отстранува 99% од влакната (вклучувајќи ги и влакната од домашни миленици, се разбира!) благодарение на технологијата Air Spin Edge. Конечно, едноставно и хигиенски испразнете го садот за прав и наполнете ја правосмукалката преку мултифункционалната станица за чистење.

Но, не е само одржување на хигиената обврска која често пати ни го краде времето повеќе отколку што треба, туку и кујната е место каде што можете со вистинските апарати многу помалку да се задржувате. На пример, за да подготвите големо количество храна, важно е да имате рерна која ќе биде во чекор со вашето темпо на печење. Благодарение на системот Dual Cook, можете да подготвите две јадења во исто време на две различни зони во рерната Samsung Dual Cook Steam и Dual Cook Flex со модернизиран дизајн. Со оваа рерна ќе можете да готвите две различни јадења во двете засебни зони кои се независни една од друга, како и да готвите на пареа ако е тоа потребно. За да се осигурате дека јадењето не е премногу варено или суво, достапен е системот за готвење Air Sous Vide, кој обезбедува рамномерна распределба на топлината во рерната.
Рерната може да ја користите за готвење на едно поголемо јадење, или поделена во две зони, да готвите две сосема различни јадења без да се грижите дека миризбите ќе се измешаат Со оваа исклучителна рерна во вашиот дом која поседува и прекрасен дизајн, кулинарските можности се навистина неограничени.

Помош при секојдневните задачи
Паметни асистенти: Паметните телефони често доаѓаат со вградени виртуелни асистенти како Google Assistant. Тие можат да ви помогнат да ги организирате домашните обврски, да поставувате потсетници, да управувате со списоците за купување или да обезбедите корисни информации што ги олеснуваат секојдневните задачи.
Апликации: Апликацијата SmartThings ви овозможува да ги следите и контролирате сите ваши паметни уреди на едно место – на телефонот, таблетот, паметниот часовник, телевизорот Samsung и фрижидерот. Апликацијата беспрекорно функционира на секој телефон и е компатибилна со илјадници паметни уреди. Доколку ваш телефон е еден од новите Galaxy S24, Galaxy S24+ или Galaxy S24 Ultra, обезбедено ви е извонредно мобилно искуство кога станува збор за контролирање и управување со апаратите во вашето домаќинство со еден клик.
Паметно Wi-Fi поврзување: Преку апликацијата SmartThings, Smart Wi-Fi ви помага да ја прилагодите правосмукалката за оптимално чистење и практичност, т.е. да ги контролирате функциите и поставките. Паметната самодијагностика ја следи вашата историја на чистење и ви нуди приспособени совети за одржување.
Збогатете го вашиот дом со фантастичните уреди за домаќинството од Samsung и заштедете повеќе слободно време само за вас со производите со врвен квалитет. Го заслужувате тоа!
Повеќе информации за производите прочитајте на следниве линкови:
https://www.samsung.com/mk/washers-and-dryers/bespoke-ai-laundry/
https://www.samsung.com/mk/vacuum-cleaners/stick/bespoke-jet-ai-black-vs28c9784qk-ge/