Паметните рачни часовници Galaxy Watch6 и Galaxy Watch6 Classic се веќе добро познати и на своите корисници им пружаат врвно искуство поврзано со пратење на нивното здравје. Да се живее здрав живот треба да е сечиј приоритет, а огромен дел од остварување на оваа цел е присуството на физичката активност во нашиот живот. Сите знаеме дека дисциплината за редовно вежбање е еден од најважните сегменти за одржување добро здравје.
Без разлика дали вашата цел е насочена кон совршена форма, одржување кондинција, или пак кон здрав начин на живот, физичката активност, спортувањето или јогата треба да се одржува во текот на целата година.

Сепак не секогаш е лесно да излеземе од нашата конфортна зона, ладните газирани сокови да ги замениме со ладен зелен чај, да ја облечеме опремата за вежбање и да се фрлиме на вежбање. Некогаш ни е потребна дополнителна мотивација, и токму во тоа можат да ви помогнат новите Galaxy часовници преземајќи ја улогата на здравствен тренер кој ќе делува од вашиот зглоб со прецизно следење и снимање на здравствените податоци.
Добар сон за добро здравје

Секој ден започнува и завршува со сон, што го прави суштински дел од здравиот начин на живот. Покрај тоа, доброто спиење е поважно од долгото спиење, а Galaxy Watch6 може ги следи и сликовито да ги прикажува вашите циклусите на спиење во текот на ноќта.
Штом ќе се разбудите, на вашиот зглоб ќе видите податоци за тоа колку минути сте биле будни пред да заспиете, потоа времетраењето на вашата РЕМ фаза од претходната ноќ, како и времетрањето на лесниот и длабокиот сон.
Часовникот сеопфатно ја следи вашата активност додека спиете, како што се циклусите на спиење низ кои поминувате, мрдањето и вртењето, колку пати сте се разбудиле итн., обезбедувајќи вкупен резултат за спиење врз основа на квалитетот на сонот.

Функцијата за управување со спиењето на Galaxy Watch6 го анализира квалитетот на сонот на корисниците во четири фази врз основа на тоа колку длабоко спијат. Откако часовникот ќе сними и анализира седум дена сон, апликацијата го споредува типот на спиење на корисникот со други постоечки модели на спиење. Корисниците можат да добијат и прилагоден водич за обука за спиење со цел да ги подобрат своите навики за спиење.
Следете ги физичките активности и напредокот на вашето тело

Сета физичка активност ќе биде евидентирана во вашиот рачен часовник Galaxy Watch6 без разлика дачи пешачите, трчате, пливате, практикувате јога или било кој друг спорт, а вашиот напредок исто така ќе можете да го следите на својот рачен зглоб. Дури и ако пред тренингот заборавите да означите почеток на вежбањето, бидете без грижи, бидејки Galaxy Watch6 преку вклучената автоматска детекција за вежби, веднаш препознава зголемена физичка активност и ги зачувува податоците. Тој ќе ја препознае вашата физичка состојба и со зачувањето на секојдневните параметри од вашето вежбање, ќе биде во можност да го мери срцебиењето според вашиот капацитет и да оптимизира зона за срцебиење што ќе ви одговара. Откако оваа зона ќе биде поставена, ќе можете да добивате известувања секој пат кога ќе бидете во неа за време на вашите тренинзи.
Вашиот Galaxy Watch6 ќе ви ја даде потребната мотивација да создадете здрави навики

Поминувањето повеќе време надвор со вежбање или активности на отворено може да ви помогне да се опуштите и да се поврзете со природата. Благодарение на зголемената издржливост и неговата паметна функционалност за помош при вежбање, Galaxy Watch6 е совршен партнер за вежбање, кој ви прави друштво и ви помага да останете мотивирани за време на секоја активност на отворено.
Дисплејот од сафирен кристал и рамката од титаниум, ги прават Galaxy Watch6 и Galaxy Watch6 Classic доволно цврсти, отпорни на гребаници и целосно водоотпорни. Ако уживате во пешачење или возење велосипед на долги растојанија, стандардните паметни функции базирани на GPS ви помагаат да ја мапирате вашата рута, а доколку сте во странство, со меѓународниот роаминг на Galaxy Watch6 ви овозможува да продолжите да ги користите картите и да знаете каде треба да се движите.
Поврзете го вашиот часовник со вашиот телефон

Како што сите Galaxy уреди можат меѓусебно да се поврзуваат, така и часовникот можете да го поврзете со вашиот Galaxy телефон при што податоците кои вашиот часовник ги содржи за вашето здравје и благосостојба, веднаш ќе се префрлат во другиот уред и на поголем и попрегледен екран ќе имате увид во вашиот напредок. Без разлика дали часовникот е поврзан со вашиот Galaxy S23 Ultra, Galaxy Z Flip5, Fold5, или било кој Galaxy уред, на него ќе имате увид кој во сите параметри кои тој ги пресметува и зачувува во временски интервали.

Со серијата паметни часовници Galaxy Watch6 исто така можете слободно од вашиот зглоб да одговарате на повици или пораки, но не само тоа, туку и ако го поврзете часовникот со вашиот нов Galaxy Z Flip5, можете да пристапите во вашиот телефон и оттаму со еден клик да правите фотографии или видеа од далечина и секако да зумирате.
Повеќе информации за производите прочитајте на следниве линкови:
https://www.samsung.com/mk/watches/galaxy-watch/galaxy-watch6-40mm-gold-bt-sm-r930nzeaeuc/
https://www.samsung.com/mk/watches/galaxy-watch/galaxy-watch6-classic-47mm-silver-bt-sm-r960nzsaeuc/
https://www.samsung.com/mk/smartphones/galaxy-z-flip5/