Во време кога на пазарот почнуваат да се стандардни уредите со екрани кои се превиткуваат и со тоа да се претвораат во повеќенаменски уреди, LG го има тој кој може да ги популаризира овие уреди уште повеќе.
Додека конкурентите уште се справуваат со проблемите на свитливите екрани, еден пример е фалтата која се појавува на местото каде се виткаат, LG оди во друг правец кој ја нема барем оваа една маана.
LG Rollable, како што кажува и самото име, е уред со екран која се намотува, наместо да се превиткува. Со тоа се добива многу потенок уред од конкурентите, кој исто така се претвора од мобилен уред во мал таблет.
Иако овој концепт LG го најави уште лани, за првпат на CES 2021 го прикажува во кратко видео. Изгледа од компанијата уште не се спремни за официјално претставување, но прикажувањето дефинитивно најавува дека тој ден се ближи.
Со оглед на тоа дека LG Rollable е прикажан многу кратко на почетокот и крајот од презентацијата од компанијата, ништо повеќе не знаеме за овој уред. Се што се гледа од видеото е дека уредот од формат на телефон, се „проширува“ во мал таблет формат.

Ваков концепт исто така претстави и Oppo, па LG нема да бидат единствени на пазарот, доколку и двете компании претстават комерцијален производ оваа година.
Еден ваков уред од LG не може да се каже дека е изненадување. Тие најавија на еден начин во кој правец ќе се движат со нивните екрани со прво најавата, по подоцна почетокот на продажба на LG SIGNATURE OLED R телевизорот кој се „намотува“ во својата основа. За жал, овој телевизор се продава по цена од незамисливи 75.000 евра.