За серијата се напишани десетици книги, редовно се наоѓаше во топ-листите на најуспешни серии на сите времиња и освои еден куп награди „Еми“ и „Златен глобус“. Но, не е баш сѐ случајно. Оригиналното сценарио, неверојатниот заплет, повеќе од убедливите ликови – сето тоа придонесе за вртоглавиот успех на „Изгубени“.

Тоа е приказна за седумдесетте преживеани од вкупно 324 патници по падот на авионот на летот 815, кои слетале на три локации на еден таинствен остров во Јужниот Пацифик (снимена е на еден од Хавајските Острови). Иако првичната идеја била да се сними серија што би ги комбинирала елементите на филмот „Бродолом на животот“ и реалното шоу „Преживеан“, главен адут на серијата беа необичните настани кои го претвораат пацифичкиот остров во голема мистерија. И баш таа мистерија е причина зошто серијата има стотици илјади посветени обожаватели кои и до денешен ден расправаат за тоа што се случувало на тој остров.

Мистериите што ги доведоа обожавателите до лудило

Во фокусот на дејството на рајскиот остров е едно таинствено чудовиште, преживеаните ги мачат таканаречените Останати, а прибежиштето на кое се затекнале изобилува со фантастични и необјасниви појави. Во прв план се наоѓаат хирургот Џек Шепард, измамникот Соер, ѕидарот и уметник Мајкл Досон со синот Волт, бегалката од законот Кејт Остин, добитникот на лото Харли, таинствениот Џон Лок, ирачкиот војник Саид, трудницата од Австралија, Клер.

Напнатите шест сезони ги доведоа обожавателите до целосно лудило, делумно поради големиот број прашања без одговор, делумно поради самите мистерии и темите со кои се занимаваше серијата (тајни здруженија, воскреснувања, патување низ времето, поларни мечки). И покрај поделените мислења околу целата серија, но и за самото финале (Дали беа мртви? Што се случи по експлозијата на нуклеарната бомба? Кој го застрела Соер?), сите обожаватели се согласуваат околу една работа – „Изгубени“ може да се гледа до недоглед!

Интересни факти

  • Пилот-епизодата на „Изгубени“ во два дела важи за најскап пилот-проект во историјата на Еј-би-си. Една епизода чинела помеѓу 10 и 14 милиони долари, додека вообичаената цена за пилот-епизода е околу 4 милиони долари.
  • Актерката Еванџелин Лили за малку ќе ја пропуштела можноста да ја игра Кејт – затоа што има канадско државјанство. Проблемот со нејзината виза значел дека таа нема да може да почне да снима со остатокот од екипата, па речиси сите сцени без нејзиниот лик веќе биле снимени до моментот кога ја добила работната дозвола.
  • Ијан Самерхолдер бил прв на аудицијата за „Изгубени“, но исто така беше и првиот што го убија во серијата.
  • Авионот што се урна беше дел од флотата на измислената авиокомпанија „Ошеаник ерлајнс“. Авторите на серијата отворија лажна интернет-страница на компанијата „Ошеаник“, претставувајќи ја како вистинска, па дури и примале резервации за летови.
  • Почетокот на „Изгубени“ се поклопи со цутењето на социјалните мрежи како што се „Фејсбук“ и „Твитер“, па промоцијата целосно се префрли на интернет.
  • Во еден момент, дејството стана толку комплицирано што обожавателите почнаа да се сомневаат дека некои од мистериите никогаш нема да бидат решени, па гледаноста се преполови. Со објавата на Еј-би-си дека се знае планот на серијата од почетокот до крајот и со ветувањето дека мистериите ќе бидат решени, се вратија и гледачите.

Целосната серија „Изгубени“ гледајте ја веднаш на Pickbox.tv. Првите 30 дена од користењето на услугата се бесплатни.

Претходна статијаMicrosoft планира да издава Windows 10 компјутери за месечна претплата
Следна статијаMozilla избира ново лого за Firefox и поврзаните производи, а ја прашува заедницата за мислење