Во писмо до Џим Џордан, кој е претседател на Комитетот за правосудниот систем како дел од Домот на претставниците во Конгресот на САД, Марк Закерберг „призна“ практика за која веќе одамна знаеме дека се случува.
Тоа што ќе остане нејасно е зошто Закарберг сега се одлучува на ваков чекор, а дека тој може да почне да оди во овој правец видовме при пофалбата за начинот на којшто изреагира претседателот Доналд Трамп по обидот за негов атентат.
Тоа што Закерберг го обзнанува во неговото писмо во основа е притисокот кој е вршен врз Meta од страна на властите во САД и цензурата која е правена потоа врз основа на тој притисок.
Закерберг сега смета дека тој притисок е погрешен и жали што не биле повеќе отворени во јавноста за истиот.
Два примери се даваат во писмото за притисокот кој е вршен, а првиот е од време на КОВИД -19 пандемијата. Според Закерберг, администрацијата на Бајден повеќе пати вршела притисок да се цензурираат објави поврзани со КОВИД-19, како и такви кои биле само хумор и сатира. Кога од Meta не се сложувале со барањата за цензура, била изразена голема фрустрација.
На крајот одлуката за цензура е на Meta, а Закерберг токму тоа го истакнува и фактот дека тие одлучиле да подлегнат под притисокот на властите.
Втора работа за која Закерберг говори во писмото е тврдењето за руски дезинформации за време на изборите во 2020, нешто што на крајот испаднало дека не се работи за дезинформации. Од Meta сепак одлучиле да ги цензурираат тие информации, а според некои тие биле клучни за победата на Бајден на изборите таа година.
Се работи за информациите поврзани со семејството на Бајден, односно најверојатно за синот на Бајден и неговите активности.
Што ќе се случува после ова писмо и дали ќе има некаква одговорност за Meta, како и за Марк Закерберг, ќе биде доста интересно и важно да видиме.