После месеци на тестирање од март, Microsoft овој месец официјално ја пушти својата најнова апликација, повторно наменета за организација на работата на тимовите во компаниите.

Microsoft Loop е директен конкуренти на познатата Notion, па тие кои веќе користат вакви апликации, ќе знаат точно за што се работи. Овој вид на апликации се посебно популарни изминатите години по зголемувањето на работата од дома или други локации кои не се канцелариите.

Бизнис, но и приватните корисници имаат пристап до Microsoft Loop, па зависи само претплатата која се користи, односно не им е достапна баш на сите.

Microsoft Loop функционира со три елементи, односно по креирањето на првиот, а тоа е работна околина за различните проекти, во неа може да се додаваат повеќе страни, а во нив различни работи како текст, слики, анкети, видеа и слично.

Не би било ова апликација од Microsoft доколку истата не доаѓа со Copilot, па вештачката интелигенција е тука да помогне со пишување на текст, сумирање на состаноци и слично.

Посебно корисна е можноста за додавање на страните во другите апликации од Microsoft, како Teams и Outlook, па корисниците не мора секогаш да ја отвораат Loop апликацијата за да можат да се вклучат во работата.

Microsoft Loop е достапна на овој линк, а може да се користи преку веб, како и преку мобилните апликации.

Претходна статијаБекапот на разговорите од WhatsApp на Android веќе нема да биде неограничен
Следна статијаРСБСП: Направете зимска проверка на возилото
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.