Mozilla претстави нова интеграција на вештачката интелигенција, нешто за кое се критикувани од доста корисници, на начин за кој тие велат дека е во „стилот на Firefox“, мислејќи на изборот, отвореноста и приватноста.
Колку и да добиваат критики, факт е дека функциите и алатките со вештачка интелигенција се едни од најпопуларните сега, па нема компанија која може да си дозволи истите да ги игнорира.
Тоа што можат да го направат од Mozilla е токму тоа кое го тврдат во најавата, а тоа е да им дадат избор на корисниците, без да им ги наметнат функциите без разлика дали тие сакаат или не.
Новата интеграција на ВИ во Firefox е наречена AI Window и како што кажува самото име, истата вклучува отворање на посебен простор во кој корисниците ќе имаат интеракција со вештачката интелигенција, за разлика од лентата на десната страна како сега.
AI Window на корисниците ќе им овозможи „интелигентен и контролиран од нивна страна простор“ преку кој ќе можат да разговараат со ВИ, но и да им помага при „сурфањето“.
Иако тука не истакнуваат точно што мислат под помош, но сигурно се работи за некаква форма на ВИ агенти кои ќе можат да прават активности во името на корисниците, покрај основната помош за добивање информации, сумирање и слично.
Корисниците кои се заинтересирани за оваа новина, истата ќе можат да ја пробаат со регистрирање на листа на чекање на овој линк.











































