Сега кога овој познат сервис стана достапен во скоро сите земји во светот, VPN сервисите, како и DNS промените, не се нешто што од компанијата би сакале да го користите.
Преку вакви „трикови“ досега можеше да се користи Netflix и кога сервисот не беше достапен во одреден регион. Со исклучок на неколку ситуации, во главно на компанијата не и сметаше да добие дополнителни корисници коишто без VPN сервис не би можеле да имаат шанса да и плаќаат пари.
Меѓутоа, сега кога можноста за користење на сервисот е достапна и официјална скоро секаде, гледањето на содржина за којашто правата ги има некоја друга компанија, може да се покаже како проблем.
На пример, доколку се решивте да го испробате Netflix, барем во првиот бесплатен месец, сигурно имате забележано дека познатата серија House of Cards, којашто ексклузивно започна со емитување преку Netflix, не е достапна за нашиот регион. Тоа е така зошто правата за прикажување на оваа серија ги има конкурентниот Pickbox достапен за корисниците во нашата земја.
Поради ова, од Netflix најавија дека тие ќе преземат мерки со коишто ќе ги спречат ваквите појави, односно „обиколните“ начини достапни за корисниците. Тие коишто ќе пристапат до сервисот користејќи VPN, DNS и слично, ќе можат да ја гледаат само содржината достапна за нивниот регион.
Од компанијата изјавуваат дека нивната цел е да со тек на време целата содржина достапна преку нивниот сервис, може да се гледа било каде во светот, меѓутоа дотогаш, сепак ограничувањата ќе останат на сила.
На кој начин Netflix ќе може да ги блокира VPN сервисите и сличните други начини не е истакнато. Ние веќе забележавме дека DNS сервисот којшто го користевме, веќе не функционира. Меѓутоа, компаниите коишто нудат вакви сервиси, сигурно ќе ги менуваат IP адресите коишто ги користат и слично, па ова сигурно ќе се покаже како активна работа за Netflix.