Единицата за сајбер криминал на парискиот обвинител, во текот на вчерашниот ден влезе во француските канцеларии на социјалната мрежа X и извршија претрес врз основа на веќе постојната истражна постапка против оваа мрежа.
Се работи за обвинувањата познати за Европа, а се однесуваат на алгоритамот на X, како и поново, креирањето на сексуална содржина со деца.
Претресот е извршен во соработка со Еуропол, а врз основа на истрагата која е отворена во јануари 2025 година.
„Во француските простории на X се врши претрес од страна на одделот за сајбер криминал при канцеларијата на јавниот обвинител во Париз, заедно со @CyberGEND и @Europol, како дел од истрагата отворена во јануари 2025 година. Канцеларијата на јавниот обвинител во Париз го напушта X. Пронајдете нè на LinkedIn и Instagram.“ – стои во објавата на канцеларијата на парискиот обвинител на X.
Според информациите, истрагата била започната откако канцеларијата на обвинителот била контактирана со тврдење дека пристрасноста на алгоритамот на X ја има измешано работата на автоматизиран систем за процесирање на податоци.
Од обвинителството имаат пуштено покана до Елон Маск и поранешната директорка на X Линда Јакарино за април оваа година.
Со ова Европската Унија и дел од европските земји продолжуваат да имаат двоен стандард кон социјални мрежи, па истрагите во главно се насочени кон X, единствената мрежа која не игра по правилата на идеологијата на овие земји.










































