Фото: Shutterstock.com

Една „болка“ ја имаат корисниците на Google Chrome со години веќе, а тоа е големата потрошувачка на RAM од страна на овој прелистувач, а посебно кога корисниците отвораат поголем број на „табови“.

Крај на оваа мака се личеше дека дојде со помош на Microsoft. Тие во новата верзија од Windows 10, односно 2004, исто така наречена May 2020 Update, овозможија апликациите да можат да ја намалат својата потрошувачка на RAM искористувајќи ја новата функција кај овој оперативен систем.

Со ова, се најави дека Microsoft Edge ќе може да троши дури 27% помалку од RAM-от на компјутерот, а со оглед на тоа што овој прелистувач сега е направен на основа на Chromium, подобрувањето веднаш беше најавено дека ќе биде искористено и од страна на Google Chrome.

Разбирлива и очекувана беше позитивната реакција од страна на корисниците на Chrome, а посебно тие „напредните“, па откритието од страна на инженер во Intel сега сигурно ќе ги разочара.

Тоа што го откри инженерот од Intel, а подоцна го потврди и програмер од Google, е дека кога ќе се искористи новата функција на Windows 10 и ќе се намали потрошувачката на RAM, се зголемува потрошувачката на процесорот и тоа за 13%, а тестовите покажуваат дека тоа доведува до 10% намалување на перформансите на прелистувачот според Speedometer 2.0 тестот.

Според Google ова е преголемо намалување на перформансите кое може да придонесе и до зголемено трошење на батеријата кај лаптоп компјутерите, поради што се откажува воведувањето на можноста за помалото трошење на RAM.

До изнаоѓање на ново решение, изгледа корисниците на Google Chrome, а со тоа и на Microsoft Edge, ќе мора уште некој месец барем да продолжат со старата потрошувачка на RAM.

ИЗВОРPCWorld
Претходна статијаМожноста за повеќе профили на една сметка на Amazon Prime Video достапна за сите корисници
Следна статијаITFIT е безжичен полнач од Samsung кој има и УВ светло за дезинфекција на уредот кој се полни
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.