Фото: Shutterstock.com

Директорот и лицето на изминатите година дена една од најпознатите компании во светот, OpenAI, беше отпуштен на изненадување на сите. Позицијата привремено беше доделена на Мира Мурати, по што денеска како нов директор официјално беше назначен Емет Шир, поранешниот директор на Twitch.

Преку официјална објава, OpenAI како причина за ненадејниот отказ се наведува откритието дека Алтман не бил секогаш целосно искрен со одборот на директори.

„Заминувањето на г-дин Алтман следи по процес на разгледување од страна на одборот, кој заклучи дека тој не бил постојано искрен во комуникацијата со одборот, што ја попречува неговата способност да ги извршува своите одговорности. Одборот повеќе нема доверба во неговата способност да продолжи да го води OpenAI.“ – гласи официјалната изјава од одборот на директори на OpenAI.

Што точно е откриено од страна на одборот, не е познато, па засега може само да се шпекулира, а посебно за информацијата дека изминатите денови биле започнати преговори за враќање на позицијата на Алтман.

Заедно со Алтман, отказ дава и ко-основачот на OpenAI Грег Брокман, заедно со уште одреден дел од екипата во компанијата.

Тие од денеска официјално се дел од Microsoft, а Алтман и Брокман ќе бидат на челото на нов тим кој ќе работи на истражување и развој на напредна вештачка интелигенција.

Ангажирањето на Алтман го најави и директорот на Microsoft Сатја Надела, кој најави продолжување на соработката со OpenAI и новиот директор Шир.

Microsoft се најголемиот инвеститор во OpenAI и нивната инфраструктура во „облакот“ се користи ексклузивно од страна на компанијата. Новиот Bing, сега официјално наречен Copilot, функционира на основа на технологијата на OpenAI, па затоа овие случувања се доста интересни и отвораат доста прашања.

ИЗВОРThe Verge
Претходна статијаНовите IQOS ILUMA лансирани во Македонија: За иднина без чад од тутун
Следна статијаВториот тест лет на Starship годинава повторно заврши со уништување на леталата
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.