ПроКредит Банка, позната како пионир во дигитализација во банкарскиот сектор во Македонија, постојано ја проширува и подобрува својата палета на дигитални услуги и функционалности во електронското банкарство, прилагодувајќи ги истите кон специфичните потреби на своите клиенти.
Пристапот до бројни дигитални услуги во банката несомнено го олеснува работењето на бизнисите и физичките лица, а истовремено заштедува време за клиентите кои без посета на филијала имаат можност да си ги завршат своите банкарски потреби.
За подобрување на услугите кои ги нуди, ПроКредит воведе нови можности во својот систем на електронско банкарство со напредни функционалности кои отсега им се достапни на клиентите – физички и правни лица:
- Зачувување на налози кои може да бидат потпишани подоцна
Оваа опција му овозможува на корисникот по внес на податоци во налогот, истиот наместо веднаш да го потпише, да го зачува и да го потпише подоцна, овозможувајќи флексибилност и подобро менаџирање на плаќањата.
- Потпишување на повеќе налози одеднаш
Во опцијата “зачувани налози” корисникот исто така има можност да избере кои од налозите сака да ги потпише и со едно одобрување да потпише повеќе налози одеднаш, што дополнително го штеди времето на клиентите.
- Отплата на долг на кредитни картички за правни и физички лица
Оваа функционалност им овозможува на клиентите да го подмират целосно или делумно искористениот лимит од кредитната картичка и доспеаниот долг.
- Самостојно активирање на картички
Електронското банкарство нуди нови можности за едноставно и самостојно активирање на бизнис дебитни картички за правни лица и на кредитни картички за физички и правни лица преку електронското банкарство, без посета на банка.
На клиентите на ПроКредит банка дигитализацијата им овозможува и подобар квалитет на услугите, персонализиран пристап, како и автоматизација и висока ефикасност при користење на банкарски услуги.
Разгледајте ги новите функционалности тука.