Фото: Cortical Labs

Во рамките на познатиот MWC саем за технологија, кој традиционално се одржува во Барселона во февруари, австралиската компанија Cortical Labs го претстави, според нив, првиот комерцијален биолошки компјутер на кого може да се додава програмски код. 

Компјутерот од компанијата, кој се развива веќе со години, е наречен CL1 и слободно може да се каже дека не изгледа баш стандардно, а во неговата издолжена форма се сместени сите потребни услови за мозочните клетки, како и електронскиот дел. 

Начинот на којшто функционира CL1 е преку култивирање на вистински неврони, клетки кои се задолжени за пренос на информации, кратко кажано. Истите се добиени преку процес на претворање на крвни клетки во стем клетки, односно во матични клетки кои потоа можат да се претворат во било кој вид на клетки, во овој случај неврони. 

Овие неврони се одржуваат со потребните хранливи состојки, како и заштита од бактерии и слично. Тие се одгледуваат на силициумските чипови, од каде ги добиваат потребните електрични импулси. 

Фото: Cortical Labs

Замислата е дека со комбинирањето на силициумските чипови со вистински неврони, истите ќе ги добијат предностите на невроните, односно способноста за учење и прилагодување. 

Од Cortical Labs уште пред неколку години го презентираа овој систем на функционирање кога покажаа дека ваквите чипови можат да се научат да ја играат старата и позната игра Pong. 

Иако засега CL1 не е замислен како компјутер кој треба да функционира како ChatGPT, на пример, сепак се очекува дека ќе има доста големо влијание во развојот на вештачката интелигенција и машинското учење. 

Се очекува дека овие компјутер ќе можат да се користат за решавање на повеќе проблеми во медицината и науката, а ќе видиме како практично ќе се покажат кога ќе станат достапни од ова лето. 

ИЗВОРTechSpot
ИЗВОР 2ABC News
Претходна статијаНадградбата на Siri изгледа е одложена до идната година
Следна статијаПо проблемите со отворање на X мрежата денес, Елон Маск објави дека истата е цел на „сајбер“ напад
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.