Thunderbird официјално го доби својот долго време потребен редизајн, најавуван уште од минатата година. Како што беше најавено, покрај промената на корисничкиот интерфејс, направена е голема промена на кодот, а тука е и промената на функционалноста на овој имејл клиент.

Заедно со новото лого претставено во мај оваа година, Thunderbird сега може да се каже дека е целосно модернизирана апликација која ќе може без проблем да им конкурира на останатите.

Листата на новини кај Thunderbird 115 е голема, но тоа што веднаш се забележува е новиот кориснички интерфејс. Истиот сега е во рамките на модерните стилови, веќе не изгледа застарено, а заедно со тоа доаѓаат и доста практични подобрувања.

На левата страна е додадена лента од каде може да се пристапи до имејл пораките, календарот, контактите и слично, по што следат трите колони препознатливи за ваквите апликации.

Целосната листа на новини може да се најде на овој линк.

За почеток, Thunderbird 115 не е достапен како надградба за постојните корисници, односно тие не можат класично да проверат за нови верзии и да ја инсталираат новата. Поради големата промена во кодот и изгледот, од Thunderbird ќе остават уште одреден период пред да го надградат сите нивни корисници на новата верзија.

Корисниците како и да е можат да ја симнат новата верзија која веќе е достапна на страната од Thunderbird. Истата е достапна за трите платформи, односно за Windows, macOS и Linux.

ИЗВОРThunderbird
Претходна статијаАЕТМ: Во првите 3 месеци од 2023, кон домашните е-трговци се слеале 123,1 милиони евра, што претставува раст од 14,5%
Следна статијаGoogle работи на целосно од нив развиен Tensor чип кој ќе се произведува во TSMC
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.