Сѐ уште не се открива каков е производот со вештачка интелигенција на кој работат Сем Алтман и Џони Џјв, а ова не се менува многу како заклучок со најновото видео. Сепак, интересно е да се слуша за процесот на работа, истражување, дизајнирање и воопшто како размислуваат Сем и Алтман. 

Видеото е од организацијата „Emerson Collective“ зад која стои жената на починатиот Стив Џобс, Лорин Пауел Џобс, а во рамките на нивниот настан Demo Day. 

Како што веќе е познато, OpenAI ја купи стартап компанијата „io“ која ја започна Џони Ајв, познатиот „дизајнер“ од Apple. Имаше повеќе шпекулации за тоа каков може да биде производот на кого најавија дека работат, но ќе помине уште малку време пред да можеме да дознаеме нешто повеќе. 

Во видеото, кое можете да го погледнете на крајот од статијата, Сем Алтман и Џони Ајв разговараат за начинот на којшто се имаат споено, за живеењето во Сан Франциско, процесот на дизајнирање и слично. 

Тоа што се кажува е дека производот е дојден до прототип фаза, што значи дека има добиено форма, нешто што ако се слушаат коментарите на Ајв, не било баш познато во кој правец ќе оди. 

Развојот на производот може да се очекува да започне за две години, што значи дека дотогаш може да доде до измени и надополнувања. 

За жал, во видеото не се добива никаква информација за тоа во кој правец да размислуваме, освен тоа дека секако главната карактеристика ќе биде вештачката интелигенција. 

На директно прашање од Пауел Џобс на каков производ се работи, Ајв објасни се освен каков е производот и кажа дека не може да сподели повеќе. 

Алтман кажа нешто повеќе, како iPhone е едно од најдобрите открија, но денешните смартфони многу го одвлекуваат вниманието. 

Ова оди во правец на тоа дека тие не планираат да претстават некој вид на смартфон, туку уред кој нема да има екран и ќе се користи преку разговарање со ВИ.