Големите телевизори од Samsung не се само екрани за гледање содржини, тие се вистински центри на забава, кои ги комбинираат најновите технологии со неверојатен дизајн за да ви понудат визуелно и аудио искуство на ново ниво. Со огромни екрани од 98 инчи, овие телевизори овозможуваат вистинско спектакуларно доживување. Најновите иновации како Quantum Matrix, Quantum Dot иCrystal UHD технологиите се вградени за да ви обезбедат неверојатно чиста слика со реалистични бои и длабоки контрасти.
Quantum Dot технологијата е иновација која го подобрува квалитетот на сликата, овозможувајќи неверојатно живописни и реалистични бои. Всушност, Samsung беше еден од првите кои го препознаа потенцијалот на технологијата со квантни точки, започнувајќи истражување во 2001 година и создавајќи нанокристален материјал без кадмиум уште во 2014 година. Со повеќе од 150 патенти и 100% волумен на бои според DCI-P3 стандардот, компанијата го постави стандардот за премиум телевизори со неспоредлив израз на бои. Квантните точки, ултра-фини полуспроводнички честички десетици илјади пати потенки од човечкото влакно, обезбедуваат прецизност и осветленост на бојата, што ја револуционизира технологијата на екраните.
Samsung телевизорите се опремени и со AI Upscaling технологија, која автоматски ја подобрува резолуцијата на содржините, без разлика дали се во стандардна дефиниција или 4K. Вештачката интелигенција на телевизорот го анализира и унапредува секој кадар, за да се постигне слика со неверојатна јасност и детали, создавајќи беспрекорно гледачко искуство. Дополнително, HDR и Auto HDR Remastering автоматски ги оптимизираат сите содржини, а Dolby Atmos технологијата за звук ви носи surround ефект кој ќе ве воведе во акцијата.

Ова се едни од најдобри модели на супер-големи Samsung телевизори од 98 инчи, кои ќе ги трансформираат вашите моменти на забавa:
- Samsung Neo QLED 4K QN90D – овој телевизор со Quantum Matrix технологија и Dolby Atmos звук создава впечатливи визуелни и аудио ефекти. HDR и Auto HDR Remastering ги оптимизираат сите содржини, пренесувајќи ви неверојатна реалистичност во сликата и звуците.Не само што импресионира со иновативните технологии, туку и неговиот минималистички и модерен дизајн со тенка рамка и стилски изглед совршено ќе се вклопи во секој простор, додавајќи елеганција и префинетост во вашата дневна соба. Неговата динамична форма и суптилни линии го прават да изгледа како уметничко дело, создавајќи впечатлив визуелен центар кој го привлекува вниманието.
- Samsung QLED 4K Q80C – со својот SuperSlim дизајн овој модел на супер-голем телевизорвнесува модерна и елегантна естетика во домот. Неговата тенка и минималистичка форма овозможува да се интегрира во било која просторија, давајќи чувство на просторност и леснотија. Без разлика дали е поставен на сталак или монтиран на ѕид, неговиот дизајн е создаден да биде не само функционален, туку и визуелно привлачнн, со врвен квалитет на изработка. Опремен со Quantum HDR+ и Quantum Dot технологијата, овој телевизор нуди живописни бои и изразени контрасти. Neutral Quantum 4K процесорот и вештачката интелигенција автоматски ги подобруваат сликите, додека OTS Lite технологијата создава виртуелен звук кој се усогласува со настаните на екранот.
- Samsung Crystal UHD DU9000 – со Supersize Picture Enhancer функција и Crystal UHD технологија, овој телевизор ги претвора содржините во висока 4K резолуција и додава неверојатна деталност. Технологиите PurColor и Contrast Enhancer го подобруваат контрастот и боите, создавајќи природен и динамичен приказ. Овој телевизор ги комбинира елеганцијата и футуристичкиот изглед, создавајќи уред кој не само што ќе го претвори вашиот простор во кино, туку и ќе му даде на ентериерот модерен и софистициран карактер. Со својот минималистички, но моќен дизајн, овој телевизор станува центар на внимание во секоја просторија, при што неговата рамка и фини детали создаваат визуелна хармонија и стил.

Зошто Samsung телевизор?
Ако се прашувате зошто да одберете токму Samsung TV AI, одговорот е следиот: Затоа што е признаен како број 1 бренд на телевизори веќе 18 години по ред и шестократен добитник на CES награди за иновации. Покрај тоа, производителот веќе долго време успешно ја гради приказната за Samsung екосистемот во вашиот дом, олеснувајќи ви многу активности во секојдневието и овозможувајќи ви да уживате во благодетите на модерното живеење. Благодарение на апликацијата SmartThings, можете со вашиот телевизор да управувате од телефонот, или пак на големиот ТВ екран да ги следите поврзаните уреди преку едноставно праќање на известување на вашиот паметниот телефон. Оваа инсталација без напор се применува на сите уреди на Samsung во домот, како и на апарати и IoT уреди од трети страни. Дополнително, безбедноста е на прво место со Samsung Knox. Секоја функција, апликација и платформа има силна заштита за да го одржи вашето поврзано искуство приватно и безбедно.
Промотивна понуда на телевизори Samsung од 98 инчи
Секој од овие телевизори е направен да го донесе најдоброто од технологијата, осигурувајќи дека вашето доживување на забавата ќе биде максимално, и тоа почнувајќи од сега: искористете ја промоцијата која е во тек и добијте бесплатна достава и инсталација на вашиот нов Samsung телевизор од соништата. Направете го својот дом центар на забава со телевизор кој ќе ве остави без здив. Промоцијата ќе трае до 31.12.2025. Преземете го следниот чекор сега и уживајте во врвната технологија од удобноста на вашиот дом.